Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 27. коло на ПРВА МФЛ, и ги донесе следните заклучоци:
На натпреварот Фк.Струга Трим Лум – Фк.Брегалница Штип одигран на 14.04.2024 година, анализирана е ситуацијата од 84 минута.
Главен судија: Марјан Младеновски. Помошни судии: Куштрим Лика и Давор Цветановски.
84 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За досуден пенал за домашната екипа, при резултат 1:2)
На одбиена топка во шеснаесетникот на гостинската екипа, играч на домаќините прв стигна до топката и ја удри и одпосле играч на гостинската екипа со закаснет старт го удри противничкиот играч во ногата, притоа без да игра со топката.
Исправна одлука на главниот судија, досуден пенал за домашната екипа поради недозволен (закаснет) старт на нога на играч на гостинска екипа над противнички играч.
Главниот судија во оваа ситуација беше одлично поставен, со јасна прегледност.
На натпреварот Фк.Гостивар – Фк.Тиквеш одигран на 13.04.2024 година, анализирана е ситуацијата од 45+3 и 67 минута.
Главен судија: Крумислав Ѓорѓиев. Помошни судии: Кристијан Џонов и Владимир Митревски.
45+3 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За недосуден пенал за гостинската екипа, при резултат 1:0)
Во шеснаесетникот на домашната екипа на самата попречна (корнер) линија два противнички играчи во исто време во скок ја одбија топката со глава, топката дојде до играч на гостинската екипа кој бидејки до него имаше противнички играч ја удри топката и потоа домашниот играч кој стоеше близу корнер линијата избивајки ја топката, ја удри во својата рака која му беше близу телото и за таа позиција на тело во природна положба
Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејки беше кратка дистанца помеѓу двата играча и играчот на домакините при избивање на топката се погоди во рака, која му беше близу телото и во природна положба за тоа движење на телото.
Главниот судија во оваа ситуација беше перфектно поставен, со јасна прегледност.
67 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (За несигнализирано офсајд позиција на гостински играч и постигнат гол, при резултат 1:0)
Играч на гостинската екипа во шеснаесетникот на домаќините додаде топка до свој соиграч, кој постигна гол и во момент на додавање се наоѓаше во линија со претпоследниот играч на екипата на домаќините.
Исправна одлука на првиот помошен судија, голот е регуларен, бидејки играчот на гостинската екипа што постигна гол, во моментот на додавање на топката од својот соиграч се наоѓаше во дозволена позиција (во линија со претпоследниот играч на домакините).
На останатите натпревари од 1 МФЛ немаше спорни ситуации за судиска анализа.
Судиска анализа за 24 коло од ВТОРА МФЛ за сезона 23/24
Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 24 коло на ВТОРА МФЛ, и ги донесе следните заклучоци:
На натпреварот Фк.Охрид – Фк.Новаци одигран на 13.04.2024 година, анализирани се ситуациите од 45+1 и 81 минута.
Главен судија: Сашко Ристов. Помошни судии: Осман Зекири и Имран Абази.
45+1 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За досуден пенал за гостинската екипа, при резултат 2:0)
Играч на гостинската екипа додаде долга топка во шеснаесетникот на домаќините која дојде до негов соиграч, истиот ја удри топката и потоа противнички играч сакајки да ја избие топката направи недозволен старт (закаснет) над ногата на играчот на гостите.
Исправна одлука на главниот судија, досуден пенал за гостинската екипа поради недозволен старт (закаснет) на играч на домаќините на ногата на противнички играч.
81 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА И ДОБРА СОРАБОТКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА И ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА ( За досуден пенал за гостинската екипа, при резултат 2:0)
Играч на гостинската екипа прими топка странично во шеснасетникот на домаќините, до него имаше противнички играч кој направи недозволен старт (газење на нога) на играчот на гостите.
Исправна проценка и добра соработка на главниот судија со првиот помошен судија, досуден пенал за екипата на гостите поради недозволен старт (газење на нога) на играч на домакините над противнички играч.
На натпреварот Фк Беса – Фк.Скопје одигран на 13.04.2024 година, анализирана е ситуацијата од 77 минута.
Главен судија: Миле Лазов. Помошни судии: Зоран Ангелов и Ване Дупкаров.
77 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( За досуден пенал за домашната екипа, при резултат 1:1)
Играч на домаќините беше во посед на топка странично во шеснаесетникот на гостинската екипа, позади него стоеше противнички играч, играчот на домаќините кога сакаше да ја удри топката падна, сакајки со тоа да изнуди контакт од противничкиот играч и пенал.
Погрешна одлука на главниот судија што досуди пенал за домаќините, во оваа ситуација главниот судија требаше да досуди индиректен слободен удар за гостинската екипа и жолт картон за играчот на домакините (симулација), бидејки играчот на домакините сакаше да изнуди контакт за пенал и падна без да има прекршок од противнички играч.
Иако главниот судија беше одлично поставен и со јасна прегледност, донесе погрешна одлука.
На натпреварот Фк.Беласица – Фк.Саса одигран на 13.04.2024 година, анализирана е ситуацијата од 64 минута.
Главен судија: Кирил Смоквоски. Помошни судии: Марјан Смилкоски и Николче Дрнковски.
64 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( За досуден пенал за домашната екипа, при резултат 0:1)
Играч на домашната екипа беше во посед на топка во шеснаесетникот на гостинската екипа и беше на недозволен начин турнат од позади грб од противнички играч.
Исправна одлука на главниот судија, досуден пенал за домашната екипа поради недозволен старт (туркање) на играч на гостинската екипа над противнички играч.
На останатите натпревари од 2 МФЛ немаше спорни ситуации за судиска анализа,
Судиска анализа од реванш-натпревари на 1/2 финале Куп на Македонија за сезона 23/24
Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од реванш-натпреварите на 1/2 финале Куп на Македонија, и ги донесе следните заклучоци:
На натпреварот Фк.Македонија Ѓ.П – Фк.Воска одигран на 17.04.2024 година, анализирана е ситуацијата од 61 минута.
Главен судија: Стојан Трпчевски. Помошни судии: Драган Трпчевски и Душко Панов.
61 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За досуден пенал за домашната екипа, при резултат 1:1)
Играч на гостинската екипа додаде топкка кон својот голман странично (близу корнер линијата) во својот шеснаесетник, меѓутоа домашен играч пр стигна до топката, ја удри на страна и потоа голманот со закаснет старт направи прекршок на ногата на противникот.
Исправна одлука на судијата, досуден пенал за домашната екипа и доделен жолт картон за голманот на гостите поради недозволен (закаснет) старт на ногата на противникот.
На вториот реванш-натпревар Фк.Тиквеш-фк.Шкупи немаше спорни ситуации за судиска анализа.
Судиска комисија им честита на двата судиски тима од Куп натпреварите за нивното одлично судење.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА