Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 32 коло на ПРВА МФЛ, и ги донесе следните заклучоци:
На натпреварот Фк.Тиквеш-Фк.Воска одигран на 12.05.2024 година, анализирана е ситуацијата од 14 минута.
“Главенсудија: Димтар Пилешков. Помошни судии: Даниел Василевски и Слаѓан Марковски.
14 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За недосуден пенал за гостинската екипа, при резултат 0:0)
Играч на гостинската екипа додаде топка до свој соиграч во 16-сетникот на домашната екипа и пред да ја прими топката минимално беше повлечен за рака од противнички играч, по што падна.
Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи бидејки влечењето беше минимално, без интензитет и недоволно за пенал.
На натпреварот Фк.Шкупи-Фк.Брера одигран на 12.05.2024 година, анализирана е ситуацијата од 29 минута.
“Главенсудија: Крумислав Ѓорѓиев. Помошни судии: Кристијан Џонов и Ристе Ѓорѓиев.
29 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА ( За сигнализирано офсајд позиција на домашен играч и поништен гол на домашната екипа, при резултат 0:0)
Играч на домашната екипа центрираше во 16-сетникот на гостиснаката екипа, топката дојде до друг ирач на домашната екипа и постигна гол.
Исправна одлука на вториот помошен судија што сигнализираше офсајд и што го поништи голот бидејки во момент на центаршутот од својот соиграч, играчот на домакините се наоѓаше во недозволена позиција (позади предпоследниот играч на екипата на гостите).
Помошниот судија во оваа ситуација беше добро поставен, во линија со предпоследниот играч на гостинската екипа и имаше исправна проценка на оваа тешка ситуација.
На останатите натпревари од ПРВА МФЛ немаше спорни ситуации за судиска анализа.
На натпреварите од ВТОРA МФЛ немаше спорни ситуации за судиска анализа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА