Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 20 коло на ПРВА МФЛ, и ги донесе следните заклучоци:
На натпреварот Фк.Вардар-Фк.Брегалница Штип одигран на 25.02.2024 година, анализирана е ситуацијата од 17 минута.
“Главен судија: Стојанче Трпчевски. Помошни судии: Петар Новачев и Драган Трпчевски.
17 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За досуден пенал за домашната екипа, при резултат 0:0)
Играч на домашната екипа беше во посед на топка странично во шеснаесетникот на гостинската екипа, противнички играч со телото (туркање) направи недозволен старт над играчот на домашните притоа без да игра со топката и го спречи играчот во акцијата.
Исправна одлука на главниот судија , досуден пенал за домашната екипа, поради недозволен старт со тело (туркање) на играч на гостинската екипа над противнички играч.
На натпреварот Фк.Воска-Фк.Силекс одигран на 25.02.2024 година, анализирана е ситуацијата од 44 и 53 минута.
“Главен судија: Ндерим Тефику. Помошни судии: Мартин Дејаноски и Александар Ѓурковски.
44 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (При акција на домашната екипа топката не ја помина гол линијата,при резултат 0:0)
Играч на домашната екипа беше во посед на топка, упати удар кон голот на гостинската екипа и на самата гол линија играч на екипата на гостите ја изби топката во поле.
Исправна одлука на вториот помошен судија што дозволи играта да продолжи, бидејки топката со целиот свој обем не ја помина гол линијата.
Вториот помошен судија беше одлично поставен и имаше целосна и јасна прегледност на ситуацијата.
53 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За недосуден пенал за домашната екипа, при резултат 0:0)
Играч на домашната екипа беше во посед на топка странично во шеснаесетникот на гостинската екипа, противнички играч кој се наоѓаше позади играчот на домакините направи минимален контакт со раката над телото на играчот.
Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејки контактот беше минимален, без интензитет и недоволен за пенал.
Главниот судија беше одлично поставен со јасна прегледност на ситуацијата.
На натпреварот Фк.Струга Трим Лум -Фк.Шкупи одигран на 24.02.2024 година, анализирана е ситуацијата од 1 минута.
“Главен судија: Димитар Пилешков. Помошни судии: Слаѓан Марковски и Кристијан Џонов.
ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( За досуден пенал за домашната екипа,при резултат 0:0)
Играч на домаќините беше во посед на топка во шеснаесетникот на гостинската екипа централно од голот, голманот на гостинската екипа сакајки да ја избие топката направи недозволен лизгачки старт на ногата на противникот без да ја допре топката и направи прекршок.
Исправна одлука на главниот судија, досуден пенал за домашната екипа и доделен жолт картон за голманот на гостите за спречување очигледна шанаса за гол.
На натпреварот Фк.Шкендија -Фк.Гостивар одигран на 25.02.2024 година, анализирани се ситуациите од 85 и 89 минута.
“Главен судија: Марјан Младеновски. Помошни судии: Дејан Димитриевиќ и Зоран
Јанкуловски.
85 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За досуден пенал за гостинската екипа,при резултат 2:0)
Играч на гостинската екипа надвор од шеснаесетникот на домашната екипа упати удар кон голот на домаќините, играч на домашната екипа кој се наоѓаше во својот 16-сетник направи недозволено движење со раката (го зголеми волуменот на раката) и го спречи ударот.
Исправна одлука на главниот судија, досуден пенал за гостинската екипа поради недозволено играње со рака (зголемен волумен на раката) на домашен играч.
89 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За досуден пенал за гостинската екипа и доделен ЦРВЕН картон за играч на домашната екипа за спречување очигледна шанса за гол,при резултат 2:1)
Играч на гостинската екипа кој со грб беше свртен кон голот на домакините,прими топка од свој соиграч во шеснаесетникот на домашната екипа, во моментот кога се сврте и сакаше да продолжи да игра и упати удар кон голот, беше влечен со две раце од противнички играч и спречен во акцијата.
Исправна проценка на главниот судија, досуден пенал за гостинската екипа и доделен црвен картон за играчот на домашната екипа, бидејки беше предпоследен играч од одбраната на домакините и спречи очигледна шанса за гол ( играчот на гостите излегуваше сам пред голман).
На останатите натпревари од 1 МФЛ немаше спорни ситуации за судиска анализа.
Судиска анализа за 17 коло од ВТОРА МФЛ за сезона 23/24
Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 17 коло на ВТОРА МФЛ, и ги донесе следните заклучоци:
На натпреварот Фк. Кожуф – Фк.Вардар Неготино одигран на 24.02.2024 година, анализирана е ситуацијата од 30 минута.
“Главен судија: Бењамин Ќерими. Помошни судии: Филип Николов и Петар Михаилов.
30 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За погрешно доделен ЦРВЕН картон на домашен играч, при резултат 0:0)
При прекин на игра поради досуден слободен удар за гостинската екипа, настана конфронтација помеѓу играчите на двете екипи, при таа конфронтација играч на домакините со двете раце оттурна противнички играч во градите, по што играчот падна.
Погрешна одлука на главниот судија што додели ЦРВЕН картон за играчот на домакините, во оваа ситуација исправна одлука треба да биде жолт картон,бидејки туркањето беше во градите.
На натпреварот Фк.Новаци-Фк.Пелистер одигран на 24.02.2024 година, анализирана е ситуацијата од 52 минута.
“Главен судија“: Ангел Гелов. Помошни судии: Душко Панов и Давор Дишлиевски.
52 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА ( За несигнализирано офсајд позиција при постигнување на гол за гостинската екипа, при резултат 1:2)
Играч на гостинската екипа центрираше топка во шеснаесетникот на домашната екипа, во момент на центаршутот играч на гостите се наоѓаше позади претпоследниот играч од домашната екипа и постигна гол.
Погрешна одлука на вториот помошен судија, во оваа ситуација требаше да сигнализира офсајд позиција на гостинскиот играч, бидејки во моментот на центаршутот играчот на гостите се наоѓаше позади претпоследниот играч на домакините.
На натпреварот Фк.Осогово – Фк.Тетекс одигран на 24.02.2024 година, анализирана е ситуацијата од 82 минута.
“Главен судија: Марјан Дејаноски. Помошни судии: Осман Зекири и Андреј Ќамилов.
82 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За досуден пенал за домашната екипа, при резултат 3:0 )
Играч на домашната екипа беше во посед на топка странично во 16-сетникот на гостинската екипа, во момент на додавање на топка кон соиграч, играч на гостинската екипа направи недозволен лизгачки старт на ногата на играчот на домаќините и направи прекршок.
Исправна одлука на главниот судија, досуден пенал за екипата на домакините поради недозволен старт на играч (на нога) на гостите над противнички играч.
На натпреварот Фк.Победа – Фк.Башкими одигран на 24.02.2024 година, анализирана е ситуацијата од 87 минута.
“Главенсудија: Александар Василевски. Помошни судии: Ристе Ѓорѓиев и Александар Ајдаров.
87 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За недосуден пенал за домашната екипа, при резултат 0:1 )
Играч на домаќините беше во посед на топка странично во шеснаесетникот на гостинската екипа, над него играч од гостинската екипа сакајки да избие топката направи со ногата минимален контакт во телото на противникот, по што играчот на домакините падна.
Исправна одлука на главниот судија што дозволи игратра да продолжи биидејки контактот беше минимален, без интензитет и недоволен за пенал.
Судијата во оваа ситуација беше одлично поставен и близу ситуацијата, со јасна прегледност.
На останатите натпревари од 2 МФЛ немаше спорни ситуации за судиска анализа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА