Судиска анализа за 21 коло од ПРВА МФЛ за сезона 22/23
Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 21 коло на ПРВА МФЛ и ги донесе следните заклучоци:
На натпреварот Фк. Македонија Ѓ.П –Фк. Тиквеш одигран на 05.03.2023 година, анализирана е ситуацијата 75 од минута.
“Главен судија: Александар Ставрев. Помошни судии: Дејан Костадинов и Бранко Путилин.
75 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Досуден удар од 11 метри)
Играч од екипата на домакините беше во посед на топката странично во 16-сетникот на гостите, на него стартуваше во пределот на ногата и без да игра со топката голманот на гостите и направи прекршок.
Исправна одлука на главниот судија , досуден е удар од 11 метри поради недозволен старт на голманот на гостите..
На натпреварот Фк. Шкупи – Фк.Академија Пандев одигран на 04.03.2023 година, анализирани се ситуациите од 11, 37 и 90+1 минута.
“Главен судија: Игор Иванов. Помошни судии: Слаѓан Марковски и Драган Трпчевски.
11 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (Недосудено офсајд позиција)
Играч од екипата на домакините додаде топка до соиграч, кој во моментот на додавање се наоѓаше во линија со предпоследниот играч од одбраната на гостите (закасни со правење офсајд замка), соиграчот ја пропушти топката до друг соиграч кој постигна гол.
Исправна одлука на вториот помошен судија, голот е регуларен, бидејки предпоследниот играч од одбраната на гостите ненавремено се извлече да направи офсајд ситуација и остана во линија со играчот на домакините
37 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Недосуден слободен удар)
Играч на екипата на домакините на 25 метри од голот на гостите при дуел со противнички играч направи прекршок (сопнување), главниот судија дозволи играта да продолжи, играчот на домакините ја поведе топката влезе во 16-сетникот на гостите и постигна гол.
Погрешна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, пред да биде постигнат голот требаше да досуди слободен удар (сопнување) за екипата на гостите.
90+1 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (Недосудено офсајд позиција)
Играч од екипата на гостите центрираше во 16-сетникот на домакините до негов соиграч, кој во момент на додавање на топката беше понапред од предпоследниот играч од одбраната на домакините и постигна гол.
Погрешна одлука на вториот помошен судија, бидејки играчот на гостите при додавањето на топката од својот соиграч се наоѓаше во недозволена офсајд позиција (пред предпоследниот играч од одбраната на домакините),во оваа ситуација помошниот судија требаше да сигнализира офсајд позиција и да се досуди индиректен сл.удар за домакините.Помошниот судија не беше добро поставен и затоа прценката му беше погрешна.
На натпреварот Фк. Победа – Фк. Силекс одигран на 05.03.2023 година, анализирана е ситуацијата од 65 минута.
“Главен судија: Александар Грујоски. Помошни судии: Куштрим Лика и Зоран Јанкулоски.
65 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА ( Досуден удар од 11 метри)
Играч од екипата на гостите центрираше кон голот на домакините, играч од екипата на домакините пред линијата на 16- сетникот ја удри топката со рака која му беше во неприродна положба (одвоена од тело).
Погрешна одлука на првиот помошен судија кој му сигализираше на главниот судија и даде информација дека играта со рака на играчот на домакините е на самата линија од 16- сетникот, играта со рака на играчот на домакините беше надвор од 16- сетникот и требаше да биде слободен удар.
На останатите натпревари од ПРВА МФЛ немаше спорни ситуации за судиска анализа.
Судиска анализа на 18 коло од ВТОРА МФЛ за сезона 22/23
Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 17коло на ВТОРА МФЛ и ги донесе следните заклучоци:
На натпреварот Фк.Воска –Фк.Саса одигран на 04.03.2023 година анализирана е ситуацијата од 45 минута.
Главен судија: Александар Василевски. Помошен судија: Дарко Видиниќ и Владимир Арсовски.
45 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Досуден удар од 11 метри)
Играч од екипата на домакините во 16-сетникот на гостите додаде топка до соиграч, кој само што ја прими топката беше соборен со лизгачки старт на нога, од играч од одбраната на гостите.
Исправна одлука на главниот судија, досуден удар од 11 метри за екипата на домакините поради недозволен старт (лизгачки старт на нога) на противник.
На натпреварот Фк.Пелистер –Фк.Арсими одигран на 04.03.2023 година анализирана е ситуацијата од 47 минута.
Главен судија: Крумислав Ѓорѓиев. Помошен судија: Кристијан Џонов и Ристе Ѓорѓиев.
47 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Досуден удар од 11 метри)
Играч од екипата на домакините ја имаше во посед топката пред 16- сетникот на гостите , странично од голот, играч од екипата на гостите на самата линијата на 16- сетникот направи недозволен старт (на нога) на играчот од екипата на домакините.
Исправна одлука на главниот судија, досуден е удар од 11 метри, играчот од екипата на гостите направи недозволен старт (на нога) над противнички играч на самата линија од 16- сетникот (линијата е составен дел на 16-сетникот).
На натпреварот Фк.Кожуф– Фк.Охрид одигран на 04.03.2023 година анализирана е ситуацијата од 90+2 минута.
Главен судија: Никола Иванов. Помошен судија: Петар Новачев и Александар Ајдаров.
90+2 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Доделен втор жолт- ЦРВЕН картон)
Во прекин на игра голманот од екипата на гостите го напушти својот 16-сетник и неспортски реагираше(влечење за дрес) спрема повреден играч од екипата на домакините.
Исправна одлука на главниот судија,доделен жолт картон на голманот на гостите поради неспортски однос (влечење за дрес) спрема противник кој тражеше лекарска помош, бидејки тоа беше втор жолт картон за голманот, автоматски му беше доделен ЦРВЕН картон.
На натпреварот Фк. Беласица – Фк.Караорман одигран на 04.03.2023 година анализирани се ситуациите од 38 и 51 минута.
Главен судија: Марјан Дејаноски. Помошен судија: Осман Зекири и Ване Дупкаров.
38 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Недосуден удар од 11 метри)
Играч од нападот на екипата на гостите, центрира топка странично од теренот за игра во 16-сетникот на домакините, топката го удира играчот од одбраната на домакините во раката која се наоѓа во природна положба(прилепена покрај тело) и не го зголемува волуменот (играчот двете раце ги криеше позади грб)
Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, играчот ги крие рацете при центаршутот и му се во природна положба.
51 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Доделен втор жолт- ЦРВЕН картон)
Играч од екипата на домакините додава топка кон соиграч кој се наоѓа на 20 метри централно од голот на гостите, играчот кој се обидува да стигне до топката пред да стигне до неа е повлечен со две раце (без посед на топка)од играч од одбраната на гостите,со цел да биде спречен во неговото напредување кон топката.
Исправна одлука на главниот судија, досуден е слободен удар и доделен жолт картон за играчот од екипата на гостите поради недозволен старт(намерно влечење) на противник, бидејки тоа беше втор жолт картон за играчот, автоматски му беше доделен ЦРВЕН картон.
На останатите натпревари од 2 МФЛ немаше спорни ситуации за судиска анализа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА