СУДИСКА АНАЛИЗА: Работнички оштетен во четвртфиналето на Купот на Македонија против Шкупи

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од четвртфиналето на Куп на Македонија, и ги донесе следните заклучоци:

На натпреварот Фк.Брегалница -Фк.Воска одигран на 08.11.2023 година, анализирана е ситуацијата од 47минута.

“Главенсудија: Александар Ставрев. Помошни судии: Гоце Петрески и Мартин Петковски.

47 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За доделен ЦРВЕН картон за голманот на домашната екипа, при резултат 0:0)

Играч на гостинската екипа додаде топка до свој соиграч кој се наоѓаше во очигледна шанса за гол (сам пред голманот на домакините) на 25 метри од голот, голманот го напушти својот 16-сетник, направи недозволен старт на ногата на противникот и ја спречи акцијата.

Исправна одлука на главниот судија, доделен ЦРВЕН картон за голманот на домашната екипа поради недозволен старт (на нога на противнички играч) надвор од својот 16-сетник и спречување очигледна шанса за гол.

На натпреварот Фк.Работнички- Фк.Шкупи одигран на 09.11.2023 година, анализирани се ситуациите од 66 и 77 минута.

“Главенсудија: Крумислав Ѓорѓиев. Помошни судии: Мартин Дејаноски и Андреј Ќамилов.

66 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( За недосуден пенал за домашната екипа, при резултат 0:1)

Играч на домашната екипа беше во посед на топката странично во 16-сетникот на гостинската екипа, играчот ја упати топката до негов соиграч но противнички играч направи лизгачки старт со рака високо подигната и во неприродна положба и ја спречи топката да дојде до играчот на домакините.

Погрешна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, во оваа ситуација требаше да се досуди пенал за екипата на домакините, бидејки играчот на гостинската екипа при лизгачкиот старт играше со рака која му беше во неприродна положба и високо подигната од телото.

77 минута: ИСПРАВНА ОДЛУКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За недосуден пенал за домашната екипа, при резултат 0:1)

Во 16-сетникот на гостинската екипа имаше повеке играчи од обете екипи,топката дојде до играч на домашната екипа кој упати удар кон голот на гостите, на самата гол линија имаше два играча од гостинската екипа кои беа еден до друг,и пред самата гол линија еден од нив ја изби топката со колено, ситуација беше многу тешка за проценка бидејки на другиот играч кој стоеше до него, раката му беше во неприродна положба.

Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи бидејки играчот на гостинската екипа топка ја изби со колено, иако другиот соиграч стоеше до него со рака во неприродна положба (не играше со топката).

Главниот судија беше одлично поставен и со јасна прегледност на цела ситуација.

На натпреварот Фк.Македонија– Фк.Силекс одигран на 08.11.2023 година, анализирана е ситуацијата од 67 минута.

“Главенсудија: Јован Качевски. Помошни судии: Куштрим Лика и Слаѓан Марковски.

67 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За доделен втор жолт – ЦРВЕН картон за играч на гостинската екипа, при резултат 1:0)

По досуден слободен удар за домашната екипа на средина на теренот, играчот на гостинската екипа кој го направи прекршокот, после досудениот слободен удар на неспортски начин реагираше (ја шутна топката на страна)

Исправна одлука на главниот судија, доделен жолт картон на играчот на гостинската екипа поради неспортски однос (шутирање на топка после прекин на игра), бидејки тоа му беше втор жолт картон на играчот, автоматски му беше доделен ЦРВЕН картон.

На натпреварот Фк.Тиквеш-Фк.Брера А.П. немаше спорни ситуации за судиска анализа.

 

Се вчитува...