Судиската комисија на ФА потврди: Ливерпул оштетен на мечот со Евертон

Судијата на вчерашното дерби помеѓу Ливерпул и Евертон, погреши што не го исклучи Џејмс Тарковски за прекршокот над Алексис Мекалистер во почетните мигови, соопшти здружениаето на професионални судии на натпревари во Англија.

Според нив, стартот бил за директен црвен картон, а не за жолт, како што му беше покажано на стоперот на Евертон.

Главен судија на Енфилд беше Сем Бар, а новинарот Пол Џојс од „Тајмс“ објави дека главниот за судиите Хауард Веб контактирал со луѓе од Ливерпул за да им соопштат дека се оштетени и дека во овој случај требало да биде покажано исклучување.

Натпреварот го доби Ливерпул со 1-0, и така остана најсериозен кандидат за освојување на титулата во Премиер-лигата.

Се вчитува...