Фудбалскиот клуб Тетекс потврди дека добил извинување од Судиската организација на ФФМ за привидот во судиската анализа за натпреварот против Караорман. Имено, тетовчани беа оштетени за гол на натпреварот од 19. коло кој воедно го загубија и со 1-0, а првичната информација беше дека не станува збор за судиска грешка.
Сепак по објавената видео снимка на тетовчани денеска клубот добил извинување кое спортски го прифати.
„Ги известуваме сите верни навивачи на ФК Тетекс и целокупната македонска јавност, дека денес, 13.03.23, добивме извинување од Судиската организација на ФФМ за донесената погрешната одлука на помошниот судија кој судеше за време на натпреварот со ФК Караорман не досуди офсајд како и голот кој беше даден во 66-та беше признаен, а истот не беше регуларен!
Во рамки на спортскиот дух, ФК Тетекс овој пат, ќе го прифати извинувaњето од Судиската организација на ФФМ и во иднина очекуваме дека ќе бидат застапувани приниципите на фер-плеј објективно судење, интегритет и почит!“, стои во соопштението на Тетекс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА