Црвена Звезда победи со 2-0 против Напредок во вчерашниот натпревар, повторно почнувајќи го својот пат кон нова титула во шампионатот на Србија.
Но, во српската спортска јавност повторно се разви полемика за спорните пенали кои се судат за црвено-белите. За судискиот експерт Раде Ѓуровиќ, пенал не постоело. Ги објасни сите правила, истакнувајќи дека се чудел како е можно да е досуден пенал. Но, сето тоа се додека не видел кој го суди мечот.
„Зошто ова не смее да биде пенал? Затоа што играчот е со исправен лизгачки старт и блокира со ногата центаршут, по што од рикошет топката го погодува во рака. Кога играч оди пред топка да блокира, а ако топката е одбиена тогаш нема пенал. Ако беше директно погодена во рака тогаш да, може да разговараме, вака нема пенал“ – вели Ѓуровиќ и дополнува:
„Со тоа што играл на тој начин со раката, играчот не остварил посебна корист за себе или спречил опасен напад затоа што топката ја блокираше со нога. Затоа уште повеќе чуди реакцијата на главниот судија. Всушност, ме чудеше се додека не видов кој ја дели правдата. Тој судија Павле Илиќ е под голем притисок и овие нешта му штетат и нему и на угледот на Црвена Звезда. Тоа е последица на негативната селекција, и не чудно што одредени имиња се повторуваат. Ме чуди и што воопшто не сакаше да гледа ВАР“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА