Судиски криминал на сезоната во Англија: Родри играше со рака, судиите се направија слепи (видео)

Манчестер Сити стигна до цел плен на гостувањето против Евертон (0-1), но мечот на „Гудисон Парк“ можеше да има сосема поинаков исход доколку судиите имаа храброст да покажат на белата точка за домаќините по очигледното играње со рака на Родри во сопствениот шеснаесетник.

Околу Шпанецот на Сити немаше ниту еден противнички играч кога тој лошо го процени движењето на топката и таа заврши во неговата рака, но судијата Пол Тирни не досуди пенал,а потоа на шок на целокупната англиска јавност не се јави ниту ВАР-судијата, иако од повторените снимки добро се гледаше целиот инцидент.

Само за потсетување, Тирни е судијата кого Јирген Клоп жестоко го нападна поради критериумот против Ливерпул минатиот месец, а овој арбитар сега повторно им застанува на патот на „црвените“ во трката за титулата со Манчестер Сити.

Спорната ситуација на која судиите останаа слепи можете да ја погледнете ОВДЕ.

Се вчитува...