Судиски криминал на турското дерби: Се расипа ВАР-системот за огромна услуга за Фенербахче

ВАР-технологијата треба да донесе регуларност при контроверзните судиски одлуки, но дефинитивно не и во Турција каде овој систем се расипува по потреба, кога не им е во воља на најголемите клубови во оваа земја.

Доказ за тоа е и вчерашното дерби меѓу Фенербахче и Башакшехир на кое гостите во самиот финиш постигнаа апсолутно регуларен гол, што помошниот судија со задоцнување од неколку секунди го поништи поради непостоечки офсајд. Во Турција се користи ВАР и логично беше одлуката да биде променета, но домаќините и тука најдоа соломонско решение, системот токму во клучниот момент се расипа, па остана да важи првичната судиска одлука, а гостите останаа без заслужените три, па мораа да се задоволат само до еден бод на овој натпревар.

 

 

Се вчитува...