Веспрем со минимална предност од 32-31 ќе отпатува за Данска на реванш дуелот со Алборг по драматичниот финиш во кој унгарскиот гигант 60 минути бркаше резултат, за буквално во последната секунда да стигне до првото водство на мечот, кога Јахија го совлада Ландин. Данците останаа бесни на судиите бидејќи не можеше со сигурност да се каже дали Јахија погоди пред последниот звук на сирената, но арбитрите од Молдавија одбија да ја , прегледуваат снимката од завршните секунди, навлекувајќи го бесот на ракометарот на Алборг.
Данските ракометари сепак вината за конечниот пораз мора да ја побараат кај себе, поради големиот пад во второто полувреме откако првите 30 минути тимот на Алборг ги одигра фантастично. Во главна улога беше голманот Ландин кој прими само еден гол во првите десет минути, помагајќи му на својот тим да влезе во ритам и на одмор да замине со убедливи 12-17. Советите на тренерот Илиќ на полувремето дефинитивно вродија со плод, па Веспрем заигра далеку подобро во вториот дел, успевајќи да ја истопи предноста на данскиот состав. Во драматичниот финиш Хангард погоди за 30-31 на триесетина секунди до крајот, Елисон возврати за 31-31, а Алборг имаше напад за победа. Данците почетнички ја загубија топката, Јахија тргна во контранапад и буквално во последната секунда го совлада Ландин за огромна радост на домашните фанови, прво водство на Веспрем на овој натпревар.
Ремили со шест гола и Елисон со пет погодоци беа главни фигури во таборот на унгарскиот гигант, додека кај Алборг најефикасни во вечерашниот пораз беа Влах, Арнолдсен иХангард со по четири постигнати гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА