Создавањето на европската Суперлига од страна на европските великани одекна во јавноста како „смрт за фудбалот“, а по бројните простести од страна на навивачите дел од клубовите ја напуштија идејата. Верни на Суперлигата останаа Реал Мадрид, Барселона и Јувентус, чии залагање за формирање на ново натпреварување ќе продолжат и понатаму.
Имено, Судот во Мадрид донесе одлука во корист на создавачите на Суперлигата кои во иднина нема да може да подлежат под разни санкиции кои ги најавуваше Куќата на фудбалот. Овие три клуба одлуката на Судот ја дочекаа со заедничко соопштение во кое најавија продолжување со развој на проектот и борбата против монополот на УЕФА.
„Барселона, Јувентус и Реал Мадрид истакнуваат задоволство од одлуката на Судот во Мадрид дека УЕФА нема можност да отвори постапка против создавачите на Суперлигата. Докажавме дека нема основа да бидеме казнети. Наша должност е да се носиме со проблемите во фудбалот. Воодушевени сме што отсега веќе нема да бидеме изложени на закани од УЕФА. Нашата цел е да продолжиме со развојот на проектот Суперлига на конструктивен начин и со придонес од сите структури во фудбалот“, стои помеѓу другото во соопштението.
Comunicado Oficial: Superliga
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) July 30, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА