Судот одлучи: Астори е „убиен“ поради лекарска негрижа, докторот доби затворска казна!

Долго време во италијанската јавност трае „немирот“ кој смртта на некогашниот капитен на Фиорентина, Давиде Астори, кој почина во сон на 4 март 2018 година, на само еден ден пред гостинскиот натпревар на тимот против Удинезе.

Астори беше пронајден мртов во хотелската соба поради проблеми со срцето, поради што беше отворен и судиско случај за испитување на причините за неочекуваната смрт на италијанскиот фудбалер,

Па, по долг судски процес, и официјално поранешниот директор по спортска медицина во болницата Нареги, Џорџо Галанти, е осуден за убиство од негрижа. Според одлуката на судот, по одбивањето и на жалбата на адвокатите на обвинетиот, докторот Галенти доби едногодишна затворска казна.

Обвинителството бараше затворска казна од три години за Галанти, и уште двајца доктори кои издале лажно кардиолошко уверение. Сите заедно, наводно знаеле за проблемите на Астори со срцето, но сепак издале дозвола за фудбалерот, кој почина на 31 година, да продолжи да игра фудбал.

Се вчитува...