Затворска казна за истакнување усташко знаме на фудбалски стадион

Дуелот меѓу Хрватска и Летонија беше рутински решен на теренот, но во центарот на вниманието се најдоа двајца навивачи на „коцкестите“ кои истакнаа знаме со усташки симболи на стадионот во Ријека.

Следеше почеток на истрага од УЕФА, бурна реакција на фудбалската федерација на Хрватска по која полицијата веднаш ги приведе двајцата навивачи, а експресно беше донесена и судска пресуда против нив.

„Првообвинаетиот Д.Ц.Е казнет со парична казна од 1.3000 евра, додека на второобвинетиот Д.С. му е изречена затворска казна од 20 дена. Исто така, на двајцата им е изречена забрана за присуство на спортски натпревари на фудбалската репрезентација во наредните две години“, се вели во судската одлука.

Хрватската Фудбалска Федерација веднаш се јави со соопштение со кое ја поздрави одлуката на судот, но и најави сопствена тужба до неодговорните навивачи за претрпена штета, доколку истрагата на УЕФА резултира со затворање на трибина или пак со играње натпревар без гледачи.

Се вчитува...