Менаџерот на Челси, Френк Лампард има строга рутина која ја изведува пред натпреварите, цврсто се држи до неа, дури го шета кучето по истата маршрута и верува оти ако промени нешто во ритуалите тоа ќе му се одрази на резултатите.
Поранешниот англиски репрезентативец признава дека е суеверен, свесен е дека ваквите верувања немаат многу смисла, но решен е да се држи до нив.
„Го шетам кучето во исто време и по иста патека, одам до локалното кафуле, земам кафе и потоа се движам по строго одредена рута. Ако одам во теретана, секогаш возам точак точно 50 минути, ако трчам пак тоа е секогаш прецизно по истата рута. Мислам дека ако променам нешто, ќе ми се одрази на резултатите“ – објаснува Лампард.
Засега, ваквите ритуали се чини одлично му помагаат. Тој со серија од пет последовни победи беше избран за менаџер на месецот за октомври во Премиер-лигата. Челси славеше и над Кристал Палас вчера и со 26 бода, идентично како и Лестер е на третото место на табелата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА