Сухел Мухареми е нов фудбалер на Работнички

ФК Работнички продолжува со засилување на составот за пролетниот дел од сезоната во Првата лига. По потпишувањето на Зија Мерџани претходно денеска, „романтичарите“ официјално го доведоа во своите редови и Сухељ Мухареми, досегашен фудбалер на Шкупи и поранешен младински репрезентативец на Македонија.

Неговото искуство од домашното првенство, како и квалитетите на средина на теренот, ќе и бидат од голема корист на екипата во борбата за подобра позиција на табелата во продолжение на шампионатот.

Се вчитува...