Баерн Минхен со минимални 1-0 го совлада Вердер Бремен во 30. коло од германската Бундеслига, со што за момент се одлепија на четири бода на првенствената табела, пред второпласираната Борусија Дортмунд.
Натпреварот беше израмнет се до 58. минута кога Милош Велјковиќ непотребно со лакот го удри Николас Суле, поради што заработи втор жолт картон. По исклучувањето на Велјковиќ избраниците на Нико Ковач, заиграа подобро, а токму Суле во 75. минута ги донесе злато вредните три бода во борбата за титулата.
Со победата „Баварците“ со 70. бода се одлепија од второпласираната Борусија Дортмунд која има четири помалку, но и натпревар помалку кој го игра утре нагости кај Фрајбург.
Резултати Бундеслига 30. коло:
Баерн М. – Вердер Б. 1-0, Аузбург – Штутгарт 6-0, Б. Леверкузен – Нирнберг 2-0 и Мајнц – Ф. Дизелдорф 3-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА