Двократниот светски шампион, Ентони Џошуа прифати интересен предизвик во рингот да се соочи со јутјуберот Џејк Пол, повеќе познат и како добар шоумен кој со своите „спектакуларни“ борби досега заработи голема сума на пари.
Џошуа ги оправда очекувањата и во шесттата рунда со нокдаун славеше над својот протиник кој од ударите заработи две скршеници на вилицата, но и 92 милиони евра, пренесуваат американските медиуми.
Како и според најавите двата боксери фондот на пари рамномерно ќе го поделат, а тој изнесува 184 милиони евра.
„Лудо се забавував. Ентони е фантастичен борец. Ме победи, но тоа е спортот. Скршена ми е вилицата, но нема врска. Ќе се вратам и ќе ја освојам титулата светски шампион“, изјави задоволниот Пол по борбата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

