„Супер“ 20 минути и „вулканот“ на трибините не беа доволни за изненадување против силната Словенија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонската ракометна репрезентација го претрпе вториот пораз во квалификациите за ЕП 2025 откако вечерва загуби на домашен терен од Словенија со 26-32. Конечниот исход е разочарувачки ако се земат во предвид супериорните први дваесетина минути во кои нашата репрезентација имаше шест гола предност,  но не успеа да го издржи темпото, а одличниот словенечки состав предводен од Влах и Јанц направи целосен пресврт, на крајот стигнувајќи и до убедлива победа.

На крајот сепак не беше доволна нашата желба да им се спротиставиме на ракометари од Барселона и Алборг кои искусно ја одведоа својата репрезентација до победа и сигурен пласман на ЕП 2026 година.

 

Се вчитува...