Супер-асистенција на Ди Марија, Аргентина до нова победа на Копа Америка

Аргентина се зацврсти на првото место во својата група на Копа Америка откако „гаучосите“ го победија и составот на Парагвај со 1-0. По ремито на отворањето со Чиле и победата над Уругвај, аргентинските фудбалери синоќа прокнижија нови три бода благодарение на погодокот на Папу Гомез, кој маестрално се снајде по одличната асистенција на Ди Марија и го совлада парагвајскиот голман. Аргентина пред крајот на полувремето постигна уште еден гол, но беше поништен со ВАР поради офсајд.

Чиле и Уругвај ремизираа 1-1 во натпревар од истата група. Чилеанците поведоа со голот на Еду Варгас на средината од првото полувреме, но Уругвај се спаси од пораз благодарение на автоголот на Артуро Видал во 66. минута.

Перу ја изненади Колумбија триумфирајќи со 2-1, а трагичар за фаворитот беше дефанзивецот Јери Мина, кој со автогол им ги подари трите бода на противниците.

Се вчитува...