Македонската репрезентација во комбиниран состав, по недостастокот на поголемиот дел од стандардните репрезентативци, ќе го очекува утрешниот одлучувачки натпревар против Ерменија за првото месо во Ц-лигата од Лигата на нации.
Селекторот Игор Ангеловски нема да може да смета на Пандев, Барди, Адеми, Алиоски, Димитриевски, Николов, Спировски, Елмас, Велкоски…, но сите оние кои се тука се повеќе од подготвени да го дадат максимумот за да се дојде до целта. Тоа се почувствува и на официјалниот тренинг на „ГСП арената“ вечерва во Никозија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА