Висар Муслиу имаше одлично деби во дресот на Инголштад откако неговиот тим славеше со преубедливи 0-5 на гостувањето против Нирнберг.
Нирнберг ја имаше улогата на фаворит поради домашниот терен и фактот дека Инголштад моментно е „фенерџија“ во втората германска лига, но гостите приредија изненадување со одличното издание во текот на сите 90 минути.
Одбраната на чело со македонскиот репрезентативец функционираше беспрекорно, а расположени за голови беа напаѓачите на Инголштад, па мрежата на домашниот состав се тресеше дури пет пати, за најубедлив триумф на Инголштад сезонава и зголемување на шансите за опстанок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

