Клеј Томпсон имаше супер-деби во дресот на Далас постигнувајќи шест тројки од 10 обиди во победата над Сан Антонио спарс од 120-109.
Шесте тројки на Томпсон се клупски рекорд на Далас за еден нивен дебитант. Томпсон на крај мечот го заврши со 22 постигнати поени.
Интересно е дека, пак, најдобриот кошаркар на Далас, Лука Дончиќ предвреме почнуваше да ги прославува тројките на својот нов тимски колега уште пред Клеј да испрати шут, на тој начин покажувајќи дека има силна верба во Томпсон… Дончиќ беше прв стрелец на тимот со 28 поени, а остана само на две асистенции помалку за „трипл-дабл“.
„Не треба да кажувам дека е одличен во нападот, а игра и одлична одбрана исто така… Лесно е да се игра со момче како него. Ви ги прави животот полесен. Го прави полесен животот на целиот тим“ – истакна Дончиќ по мечот.
“He’s looking at you and I.”
Luka knows his new teammate Klay is MONEY from deep!
19 for Thompson in his Mavs debut on TNT 🔥 pic.twitter.com/uBn3yvDnf9
— NBA (@NBA) October 25, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА