Повремениот македонски репрезентативец Кристијан Трапановски имаше извонредно деби на официјален натпревар во дресот на својот нов клуб, шкотскиот Данди јунајтед.
Во Лига купот на Шкотска, Данди јунајтед убедливо со 3-0 победи против Стенхаусмур и тоа благодарение само на македонскиот крилен офанзивец, Кристијан Трапановски кој запиша две асистенции и еден гол.
Во првото полувреме им асистираше на Мулт и Галагер за водство од 2-0.
Opener for @dundeeunitedfc 🍊
Louis Moult heads in the opening goal of the game against Stenhousemuir 👊#PremierSportsCup pic.twitter.com/3p0Tk6ZWHr
— Premier Sports (@PremSportsTV) July 16, 2024
А, во 47. минута и самиот погоди за конечни 3-0.
3rd – Trapanovski pic.twitter.com/66oFWoYVwJ
— Adam (@abrown1974) July 16, 2024
На дуелот во првата постава на Данди јунајтед беше и Давид Бабунски кој денеска беше промовиран во својот нов клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА