Најголемите ривали во хрватскиот шампионат Хајдук и Динамо Загреб одиграа без победник (2-2) во дербито на 13. коло на „Пољуд“ во Сплит.
Хајдук имаше предност со голот на Ерцег уште од 38. минута, но дозволи гостите со два гола во 89. минута преку Бенковиќ и во 91. минута преку Хенрикез да дојдат до целосен пресврт. Асистент на вториот гол за Динамо беше македонскиот репрезентативец Аријан Адеми…
Сепак, за да биде вистинска драма, во 94. минута се погрижи Ерцег со својот втор гол и на крајот поделба на бодовите.
Аријан Адеми го одигра второто полувреме на дерби пресметката.
Динамо Загреб остана на врвот со 31 бод, додека Хајдук со 24 бода остана на третото место со еден бод зад Ријека.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА