Супер-договор: Формула 1 ќе се вози во Монако најмалку до 2035 година

Фановите на Формула 1 со воодушевени по денешната вест за потпишување на нов договор со организаторите на трката за ГН на Монако, со која оваа трка ќе останне дел од Ф-1 календарот и во наредните 10 години.

Трката во Монако се вози уште од премиерната сезона во Формула 1 во 1950 година, кај двете страни постоеше исклучителен оптимизам за продолжување на соработката, што беше официјализирана со новиот десетгодишен договор.

„Улиците на Монако имаат ехо на Формула 1 уште од најраните денови на нашиот спорт, затоа сме воодушевени што можеме да објавиме дека соработката со овој фантастичен настан е продолжена до 2035 година“, објави претседателот на Формула 1, Стефано Доменикали.

Шарл Леклер лани испиша историја како прв возач од Монако кој успеал да триумфира во татковината, додека годинава со победа на оваа возбудлив трка се закити Ландо Норис, прва победа за овој возач на ГН на Монако.

Се вчитува...