Супер-фудбал на „Суперкласико“: Ривер Плата го освои Копа Либертадорес! (ВИДЕО)

Ривер Плата е победник во јужноамериканскиот Копа Либертадорес откако во реванш пресметка од финалето против Бока јуниорс славеше по продолженијата со 3-1.

На дуелот кој од безбедносни причини се играше на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид, Ривер Плата имаше негатива од 0-1 по првото полувреме но на крајот успеа да стигне до целосен пресврт за посакуваниот трофеј.

Головите за титула ги постигна Квинтеро на извонреден начин со шут од 20 метри во 109. минута од натпреварот…, а потоа и Мартинез во 122. минута.

 

Претходно, регуларниот дел од натпреварот заврши без победник 1-1, а поради оние 2-2 од првиот меч на „Ла бомбиниера“ следеа продолженија. Бока јуниорс поведе на дуелот во Мадрид со голот на Бенедето во 44. минута… Но, израмни  Лукас Прато со голот во 68. минута од средбата.

Се вчитува...