Дарко Чурлинов влегува во топ-форма пред стартот на новиот квалификациски циклус на македонската репрезентација, откако крилниот офанзивец блесна на уште еден меч за Јагиелонија.
Полскиот првак на домашен терен игра против Мотор и има предност од 3-0, а вториот дел беше дело токму на Чурлинов. Нашиот интернационалец одлично се снајде на работ на шеснаесетникот, мајсторски си создаде простор, а потоа со силен и прецизен удар ја смести топката во долниот агол од противничкиот гол.
Погледнете ја новата мајсторија на македонскиот репрезентативец во полскиот шампионат…
𝗟𝗔 𝗙𝗜𝗡𝗜𝗧𝗜𝗢𝗡 𝗖𝗟𝗜𝗡𝗜𝗤𝗨𝗘 𝗗𝗘 𝗖𝗛𝗨𝗥𝗟𝗜𝗡𝗢𝗢𝗢𝗢𝗩 !
![]()
JAGIELLONIA 2-0 MOTOR
— OhMyEkstraklasa
(@OhMyEkstraklasa) February 16, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА