Елиф Елмас има причина за славје откако македонскиот репрезентативец вечерва го постигна својот прв гол сезонава во дресот на Наполи, давајќи огромен придонес во победата од 2-1 над Торино.
„Наполитанците“ по првиот дел имаа водство од 1-0 со голот на Сантош, а во 68. минута во сиот свој сјај блесна и Елмас, кој со прекрасен волеј стрелаше прецизно и ги крена на нозе сите присутни на трибините на стадионот „Диего Армандо Марадона“.
Елиф беше стартер и остана на теренот до самиот крај на мечот, а мора да се одбележи дека својот камбек на овој дуел го имаше Кевин де Бруине.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

