Вердер ја прекина мини-серијата од два порази откако вечерва во Бремен по голема битка го совлада тимот на Херта со 1-0. Гостите од Берлин долго одолеваа на налетите на домашниот состав, за натпреварот на крајот да биде решен со погодок постигнат во 85. минута.
Фулкруг беше херојот на Вердер на оваа средба, откако напаѓачот на домаќините одлично се снајде по еден центаршут и со прецизен удар со глава од петнаесетина метри донесе огромна радост на „Весер“ стадионот.
Вердер со овој триумф се искачи на седмото место на табелата со 18 освоени бода, додека Херта остана на 13. место со седум бода заостанување зад денешниот ривал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

