Супер-херојот Марко Пејчиновски синоќа го заврши подвигот од 107 километри (ВИДЕО)

Македонскиот супер-херој Марко Пејчиновски, доцна синоќа успешно го заврши својот најнов подвиг – модифицираниот „Ајронмен“ маратон долг 107 километри!

Марко доцна синоќа пристигна на пристаништетот во Охрид, откако претходно трчаше од Охрид до Струга од каде со велосипед се врати назад се до Свети Наум, а потоа од Свети Наум пливаше до Охрид каде пристигна во вечерните часови и беше поздравен со овации од присутните жители на Охрид и туристи.

Пејчиновски најпрво трчаше од Свети Наум до Струга за 7 часа и 47 минути, потоа назад со возење за 2 часа и 33 минути, и на крај од Свети Наум со пливање по 9 часа и 29 минути стигна до Охрид.

„Овој подвиг има за цел да ги мотивира луѓето да пронајдат сила во себе и да ги надминат препреките кои ги носи животот какви и да се“ – истакна Марко пред својот најнов подвиг.

Се вчитува...