Супер-изненадување: Партизан го носи „новиот Марканен“ од Финска

Партизан цело лето е во потрага по висок кошаркар што би помогнал во борбата под рекетот по заминувањата на Дејвис и на Копривица, врвните опции веќе ги одбија „црно-белите“ и потпишаа договори во НБА-лигата, но последните информации говорат дека АБА-шампионот е на прагот на изненадувачки трансфер.

Мика Муринен, 18-годишниот Финец кој имаше забележителен настап на неколку средби на Евробаскет 2025 е во завршна фаза од преговорите пред потпис со тимот предводен од Жељко Обрадовиќ. Овој кошаркар е висок 210 сантиметри, но импонира со атлетските способности и би можел да покрие неколку различни позиции во тимот.

Муринен беше желба на неколку клубови од НЦАА-лигата, се очекуваше кариерата да ја продолжи во САД, но плановите се сменија откако Партизан се вклучи во трката за неговиот потпис.

Како што информираат медиумите од Србија, Финецот во следните 24 часа би требало да пристигне во Белград, на завршни преговори и потпис со Партизан, по што би бил во комбинација дури и за отворањето на новата сезона во Евролигата, гостувањето против Дубаи закажано за вторник.

Се вчитува...