Хари Кејн го предводеше Баерн Минхен до триумф во големото дерби против Борусија Дортмунд, на кое англискиот голгетер прослави и супер-јубилеј, стигнувајќи до 400 гола во клупската кариера.
Големиот ас скокна највисоко по корнерот на Кимих и ја затресе мрежата на Борусија за овој јубилеен погодок, вкупно 21. гол за Кејн сезонава на 12 одиграни средби за Англија и за Баерн Минхен.
Првиот беше постигнат во јануари 2011 година, кога Кејн како позајмен играч од Тотехем стрелаше прецизно за Лејтон ориент на мечот со Шефилд Венсдеј. Тој постигна вкупно пет гола за Лејтон Ориент, потоа имаше девет погодоци за Милвол, па два при позајмицата за Лестер. Кога конечно доби шанса во Тотенхем тој се наметна како лидер на нападот постигнувајќи 280 погодоци цо дресот на „спарси“.
Аннгличанецот од 2023 година е член на Баерн Минхен и има настапено на 104 средби за баварскиот гигант, постигнувајќи вкупно 107 погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

