Супер Класико – одложено: Мегаспектаклот меѓу Бока јуниорс и Ривер Плата „потопен“ од дождот (ФОТО)

Големото дерби на аргентинскиот фудбал и на Јужна Америка, мечот меѓу Бока јуниорс и Ривер Плата, кои за првпат ќе одмерат силите во финалето на Копа Либертадорес, е одложен поради силен дожд и потопениот терен на „Ла Бомбоњера“. Судиите предводени од Роберто Тобар донесоа одлука дуелот се одигра во друг термин, откако силен дожд изминатите два дена врнеше во Буенос Аирес.

Дополнително ќе биде објавено кога ќе се одигра првиот меч од финалето во Копа Либертадорес.

Се вчитува...