Супер-компјутерот одреди: Франција ќе биде шампион, а Србија, Албанија, Украина, Унгарија… ќе бидат последни во своите групи!

По две комплетирани кола на ЕВРО 2024, супер-компјутерот го кажа своето мислење околу конечната разврска на собирот на најдобрите фудбалски селекции на Стариот континент.

Како што одреди вештачката интелегенција, Франција е најверојатниот освојувач на европската круна со 17%, а Шпанија има 16% веројатност да ја освои титулата. Понатаму следи Португалија со 11%, Германија и Холандија имаат по 10%, а по лошите игри сега Англичаните се дури на шестото место со само 9%.

Интересно, компјутерот одреди и дека Унгарија, Албанија, Србија, Украина и Грузија, покрај веќе сигурната Полска, со сигурно ќе завршат на четвртото место во своите групи и го напуштаат ЕВРО 2024.

Се вчитува...