Супер-куп на Македонија: Еурофарм Пелистер го брани трофејот, Вардар посакува реванш

Еурофарм Пелистер и Вардар ќе се сретнат денеска со почеток од 18 часот во Струмица во рамките од Суперкупот на Македонија, со што и официјално ќе биде означен стартот на новата ракометна сезона.

„Пелистерци“ влегуваат во овој меч како актуелни шампиони на Македонија, но и како бранители на трофејот во Супер-купот што битолчани го освојуваа во претходните две години, и тоа со победи над Вардар. Двата тима ќе бидат со значително променети состави во однос на лани, но Еурофарм како актуелен првак ќе ја има улогата на фаворит.

„Се радувам што почнува сезоната и официјалните натпревари. Пред нас е меч со Вардар, сите натпревари со овој ривал се непредвидливи, очекувам неизвесен натпревар до самиот крај. Верувам дека ќе го дадеме најдоброто од себе и ќе најавиме успешна сезона“, изјави тренерот на „пелистерци“, Александар Јовиќ.

За Вардар ова ќе биде можност за реванш за поразите во последните два супер-куп натпревара, како и за загубената трка за титулата што „црвено-црните“ ја завршија на третото место, зад Еурофарм Пелистер и Алкалоид.

„Вардарци“ во текот на летово го освоија Струшкиот турнир, по што следеше елиминацијата од Лигата на Европа на ЕХФ од германскиот Рајн-Некар Левен. „Црвено-црните“ направија сериозен ремонт во играчкиот кадар, а за денешниот меч на клупата ќе го немаат тренерот Недановски, кој ќе ја одработува суспензијата заработена на крајот од ланската сезона,

Се вчитува...