„Супер-лигата“ пред целосен крах: Откажаа Баерн, Манчестер Јунајтед, ПСЖ…

Европскиот суд денеска пресуди во корист на Супер-лигата, но има опасност истата да не биде формирана, и покрај тоа челниците го објавија и форматот на ова натпреварување.

Сепак, за разлика од првиот пат кога најпрво прифатија, а потоа одбија, сега клубовите го откажуваат учеството во Супер-лигата.

Први се јавија Германците, Баерн Минхен, Борусија Дортмунд и останатите одбија да бидат дел од тоа натпреварување. Потоа откажаа и Шпанците како Атлетико, Реал Сосиедад, Севилја и други клубови од Шпанија, па Манчестер Јунајтед, ПСЖ, Монако.

Премиерлигата им се закани на клубовите кои ќе настапат во Супер-лигата, дека ќе бидат отпишани од натпреварувањето во Англија.

Се вчитува...