Супер-лигата веднаш го објави форматот на натпреварување: 64 клуба ќе бидат поделени во три лиги! (ВИДЕО)

Веднаш по одлуката на судот во Луксембург, Супер-лигата го промовираше форматот на новопредвиденото натпреварување на кое главни пропагатори се Реал Мадрид и Барселона.

Откако Европскиот суд за првада даде зелено светло за формирање на Супер-лигата, објавено е видео со објаснување за изгледото на европското клупско натпреварување.

Се работи за отворен формат во кој ќе учествуваат вкупно 64 европски клубови, поделени на три нивоа, Ѕвездена група, Златна група и Сина група.

Во најсилната Ѕвездена група ќе учествуваат 16 клуба, при што ќе минуваат низ групна фаза и елиминациска фаза, притоа со испаѓање и промоции меѓу себе со Златната група и Сината група. Во Сината лига секоја сезона ќе може да бидат промовирани и други клубови врз основа на пласманот во националните првенства.

Од Супер-лигата најавија и дека ТВ-преносите од натпреварите ќе бидат бесплатни за сите гледачи во светот а ќе има голем број финансиски благодети за сите клубови учесници во Суперлигата.

Се вчитува...