Веспрем е новиот клуб на Вуко Борозан откако унгарскиот гигант денеска и официјално го претстави црногорскиот „бомбардер“ како свое најново засилување. Црногорецот го доби епитетот „супер-лузер“ поради фактот што го остави Вардар на цедило во клучниот дел од сезоната, а македонскиот првак потоа и без негова помош стигна до европската круна.
Борозан беше без клуб во последните месеци, сериозен интерес за неговите услуги покажа и Барселона, но тој на крајот ја прифати понудата за „две плус една година“ во Веспрем.
Во текот на својата кариера Борозан настапуваше и за екипите на Металург, Либек и Карловац.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА