Супер-малер: Дибала мораше на нова операција

Пауло Дибала сигурно ќе имаше уште поблескава кариера доколку немаше толку проблеми со повредите, тренд што продолжи и оваа сезона, последна што Аргентинецот ја минува во дресот на Рома.

Тој извесен период беше надвор од терените, но сега го очекува уште подолга пауза откако вечерва беше обелоденето дека Аргентинецот морал да биде повторно опериран. Традиционалните медицински третмани по повредата на менискусот во коленото не вродиле со плод, по што лекарскиот тим на Рома бил принуден да даде зелено светло за хируршки зафат.

Како што информираат римските медиуми, операцијата минала без никакви проблеми, но се очекува Дибала да паузира од терените најмалку шест седмици.

Во таборот на Рома се надеваат дека тој  ќе може да се врати пред крајот на април и да одигра барем неколку средби пред и дефинитивно да се збогува од „волчицата“, со оглед на јасниот став дека Дибала нема да добие нов договор од Рома и речиси сигурно ќе се врати назад во татковината.

Се вчитува...