Кристоф Нкунку требаше да биде најголемо засилување на Челси во новата сезона, но малерите со повредите придонесоа францускиот ас тотално да биде надвор од натпреварувачки ритам.
Тој ги пропушти првите месеци од сезоната поради повреда на коленото, конечно се врати и „сините“ очекуваа да ја преземе лидерската улога во тимот, но Нкунку по само неколку средби заработи нова повреда. Тој воопшто не беше во тимот за вчерашниот меч од ФА Купот, по што Покетино обелодени дека одличниот голгетер го повреди колкот на тренингот со остатокот од екипата.
Лекарските прегледи покажале дека повредата не е нималку наивна, Нкунку ќе мора да паузира најмалку три седмици од терените, а Покетино се надева дека Французинот ќе може да се врати на 31 јануари, на дербито против Ливепрул на „Енфилд“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА