Супер-малер: Влаховиќ се повреди пред да влезе во игра

Оваа сезона дефинитивно е максимално малерозна за Душан Влаховиќ откако српскиот голгетер четири месеци отсуствуваше поради тешка повреда, неодамна се врати на терените, а сега повторно заработи незгодна повреда.

Тренерот Спалети реши да не го стартува денешниот меч со Џенова со Влаховиќ како „деветка“, туку планот беше Србинот да влезе на паузата меѓу двете полувремиња. Голгетерот се загреваше, но неколку минути пред полувремето да стартува, Влаховиќ се фати за мускулот, по што се упати кон соблекувалните.

Влаховиќ потоа се врати на клупата со лед околу повредената нога, а деталните прегледи ќе покажат колку ќе изнесува најновата пауза на Србинот.

Во секој случај, минимални се шансите за негов настап следниот викенд, кога Јуве го очекува незгодно гостување против Аталанта.

Се вчитува...