„Супер Марио“ им се нуди на шпански клубови, во најава „бомбастичен“ трансфер!?

Марио Балотели има актуелен договор со Адана до 2024-та година, но клубот е подготвен да го продаде за сума која ќе надмине 5 милиони евра.

Се разбира, ова е супер причина Италијанецот да кокетира со други клубови во средина на летен трансфер период. Според најавите кои доаѓаат од Турција и Италија, постојат големи шанси „Супер Марио“ повторно да ја промени средината ова лето, а последната објава на самиот напаѓач е окарактеризирана како негово јасно нудење на клубови од Шпанија.

Џенаро Гатузо ја презема Валенсија пред извесно време и „лилјаците“ размислуваат да донесат нов напаѓач до крајот на преодниот рок, па новинарите сметаат дкеа ќе биде навистина „пеколно“ ако дојде до тандем Балотели-Гатузо.

„Шпанија + фудбал + Марио?“, гласи ‘бомбастичната’ објава на Балотели која сите ја протолкуваа како јавно нудење на шпанскиот трансфер пазар.

Валенсија не е во состојба да купува фудбалери за кои се потребни скапи отштети, но сепак обесштетувањето за Балотели не е така високо и медиумите од Шпанија ги разгореа шпекулациите по последната објава на напаѓачот.

 

Се вчитува...