Супер меч на „Алијанц“: Леверкузен остана непоразен против Баерн (ВИДЕО)

Баерн Минхен и Баер Леверкузен одиграа без победник 2-2 во дерби натпреварот од 4. коло од новата сезона во германската Бундеслига.

Натпреварот на „Алијанц арена“ не можеше да започне подобро за Баварците, кои уште во седмата минута успеаја да поведат со 1-0 со голот на Хари Кејн.

Сепак, Леверкузен одигра многу подобро по почетниот шок, а гостите набрзо успеаја да израмнат на 1-1. Баер израмни во 24. минута кога Алекс Грималдо постигна спектакуларен гол од слободен удар.

Во вториот дел клучниот домашните преку Горецка во 84. минута дојдоа до ново водство 2-1, додека конечните 2-2 ги постави Паласиос од пенал во 94. минута.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...