Супер меч на Арсими и Пелистер за крај на 2025 година во ПМФЛ (ВИДЕО)

Фудбалерите на Арсими и Пелистер во трилер одиграа 3-3 за крај на клупската 2025 година во Првата македонска фудбалска лига како дел од 16. коло во шампионатот на Македонија.

Двата тима го отворија натпреварот внимателно, па не видовме ниту едно возбудување се до 15. минута. Токму тогаш гостите во својата прва посериозна акција успеаја да поведат со 0-1 со голот на Керим, кој најдобро се снајде во противничкиот петерец по центаршутот на Ивановски.

Веднаш по примениот гол домаќините се заканија за првпат во мечот, но шефити не успеа да го совлада Јовчевски. Арсими имаше уште неколку добри шанси кои не ги искористи, по што следуваше казна од гостите кои преку Ристовски зголемија на 0-2. До крајот на првиот дел домаќините уште неколку пати се заканија, но одличен на голот на битолчани беше Јовчевски.

Арсими одлично го отвори вториот дел и веќе во 48. минута намали на 1-2 со голот на Шефити.

Гостите во 58. минута добија пенал откако Керим беше фаулиран во шеснаесетникот на домашните. Судијата Илиоски покажа на белата точка, а по неколку минутна проверка со ВАР пеналот беше потврден. Капитенот Ристевски успешно го реализираше во 64. минута за 1-3.

Домаќините повторно се вратија на само гол негатива (2-3) со феноменалната велемајсотрија на Асани во 82. минута. А само две минути подоцна Бешагиќ израмни на 3-3.

До крајот пелистерци останаа со фудбалер помалку откако капитенот Ристевски во 95. минута доби втор жолт картон.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...