Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го одигра првото полувреме во ремито (2-2) меѓу Наполи и Милан на дербито од 10. коло во Серија А.
Елмас го одигра првиот дел од дуелот кој целосно му припадна на Милан, поведувајќи со 0-2 со двата погодоци на Оливие Жиру во 22. и во 31. минута.
На почетокот од второто полувреме Елмас беше заменет од Симеоне. Но, Наполи успеа да стигне до израмнување со головите на Политано во 50. минута и мајсторијата на Распадори во 63. минута кој погоди директно од слободен удар за конечни 2-2.
LE MATCH DE ZINZIN EN ITALIE ! 🇮🇹🍿
Raspadori égalise d’un coup franc exceptionnel. 💫
NAPOLI 2-2 AC MILAN
— MercaFoot (@MercaFoot_) October 29, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

