Супер-меч со шест гола и по еден бод за Ајнтрахт и Дортмунд (ВИДЕО)

Фудбалерите на Ајнтрахт Франкфурт и Борусија Дортмунд одиграа неверојатен натпревар кој заврши без победник 3-3 со кој се отвори 16. рунда од новата сезона во германската Бундеслига.

Гостите поведоа со 0-1 со голот на Бејер во 10. минута. Домаќините израмнија на 1-1 преку Узун од пенал во 22. минута. Ново водство за „милионерите“ донесе Нмеча во 68. минута, а само три минути подоцна Ебуталиб израмни на 2-2. Дахуд во 92. минута направи целосен пресврт (3-2), но Борусија успеа сепак да стигне до бод (3-3) со голот на Чуквуемека во 96. минута.

Frankfurt [3]-2 Dortmund – Mahmoud Dahoud 90'+2'
byu/Meladroit05 insoccer

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...