Супер-меч во Чаир: Многу борба, ремек-дела и четири гола… (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Шкупи и Вардар, без конкуренција, го одиграа најдобриот натпревар можеби и низ пролетниот дел од сезонава во домашниот шампионат.

Одличен амбиент на стадионот во Чаир заокружен и со многу борба на теренот, две прекрасни ремек-дела од слободен удар на двете страни и вкупно четири гола за реми (2-2) меѓу двата тима. На крајот, без сомнение, по головите на Муарем Бајрами и Дарко Мицевски најмногу ќе се памети натпреварот од 32. коло во Првата македонска фудбалска лига…

 

Се вчитува...