Супер меч во Франкфурт: Реми во драмата меѓу Ајнтрахт и Борусија Дортмунд (ВИДЕО)

Ајнтрахт и Борусија Дортмунд одиграа супер-меч во 9. коло од Бундеслигата на крајот ремизирајќи (3-3) во драмата во Франкфурт.

Домашните имаа рано водство од 2-0 со двата гола на Мармуш во 8. минута и во 24. минута, за да Сабицер во 45. минута ја намали предноста на Ајнтрахт.

Во второто полувреме, најпрво Мукоко израмни на 2-2 во 54. минута, за да домаќините повторно дојдот до водство со голот на Чаиби во 68. минута.

На крајот Брендт во 82. минута ги постави конечните 3-3.

Се вчитува...