Челси и Арсенал одиграа одличен натпревар во 2. коло од Премиер лигата во кој на крајот „сините“ славеа со 3-2 благодарение на погодокот на Алонсо во 81. минута од средбата.
Серијата возбудувања на дуелот беа најавени уште во првите 45 минути кога паднаа четири од петте погодоци.
Челси брзо дојде до предност и од 2-0 со головите на Педро во 9. минута и Мората во 20. минута…
Но, „топчиите“ со два гола пред одморот дојдоа до израмнување. Најпрво на 1-2 намали Мкхитаријан во 37. минута, а Ивоби израмни во 41. минута.
Доминацијата во вториот дел Челси ја круниса со голот на Алонсо во 81. минута за конечна победа од 3-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА